Ви претставуваме автентичен и традиционален рецепт за подготовка на кадаиф што може да го подготвите без да губите премногу време во кујна.
Потребни состојки
Половина килограм кадаиф
Половина килограм мелени ’фстаци
250 грама мелени бисквити
250 грама путер
Еден килограм шеќер
700 милилитри вода
Лимон
Кадаифот распоредете го на долги ленти, коишто ќе ги попрскате со растопениот путер. На секоја лента ставете од сметата од мелени ’фстаци и бисквити и завиткајте во ролна. Печете ги ролничките над 170 степени, додека кадаифот не добие румена боја.
Во меѓувреме, подгответе го шербертот од водата и шеќерот и парчиња лимон.
За кадаифот важи правилото и тој и шербетот да бидат млаки.