Ориз со пилешко во кари и зеленчук

128

Подгответе пилешко во кари сос со зеленчук и ориз.

Состојки:

  • 1 поголем пилешки стек
  • 200 грама златна мешавина (морков, грашок, пченка)
  • 200 мл кисела павлака
  • 1 чаша ориз
  • масло по потреба
  • ½ мала лажичка кари
  • сол и црн пипер.

Подготовка:

  1. Оризот исчистете го и измијте го со вода.
  2. Во тенџере на оган на висока температура ставете 2 чаши вода. Тенџерето покријте го со капак. Штом водата ќе зоврие во тенџерето додајте го оризот, посолете, наросете црн пипер и намалете ја температурата. Тенџерето покријте го капак и оставете оризот да се вари за време од 8 до 10 минути, без притоа да мешате. Потоа тргнете го тенџерето од оган и оставете го поклопено уште 5 до 10 минути. Варениот ориз измешајте го со вилушка.
  3. Пилешкиот стек исечкајте го на мали коцки со димензии околу 1 см.
  4. Во тенџере на оган ставете вода и додајте го исечканиот пилешки стек. Варете го за време од 20 минути.
  5. Во друго тенџере на оган ставете ја златната мешавина и додајте вода. Оставете зеленчукот да се вари за време од 10 до 15 минути.
  6. Во тава на оган ставете го маслото да се загрее. Во загреаното масло ставете го пилешкиот стек и кратко пропржете го. Во тавата додајте го варениот зеленчук и пржете уште една до две минути. Потоа додајте ја киселата павлака и ставете 50 мл вода. Измешајте ги состојките, посолете ги, наросете црн пипер и додајте го кари зачинот. Ако го обожавате вкусот на карито, може да додадете повеќе зачин. Оставете пилешкото месо со зеленчук да се динстаат 3 до 4 минути.
  7. Во чинија за сервирање ставете од варениот ориз и додајте го пилешкото месо во кари сос со зеленчукот. Декорирајте со ситно сечкан магдонос. На здравје!