Шитаке печурки, храна и лек

167

Богати со витаминот Д и витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б11, Б12), Шитаке печурките содржат голема количина на калциум, фосфор, железо, калиум, натриум и други минерали. Од Шитаке печурката е изолиран еритаденин, кој го намалува холестеролот во крвта и помага при решавање кардиоваскуларните проблеми. Го намалува холестеролот за неверојатни 45 % и значително помага во намалување на тежината и одржување на енергијата на телото што допринесува за дополнителната заштита од вируси и инфекции.

Главната тајна на овие чудотворни печурки е превенцијата од малигните заболувања и неверојатната моќ на запирање на растот на тумороидните клетки. Со потекло од Јапонија, Шитаке печурката е позната и како храна на долговечноста, а уште ја нарекуваат и царска печурка.

Покрај како дополнителна терапија Шитаке печурката е одличен додаток во исхраната како превенција од болестите на модерното време. Медицината докажува дека здравјето може да се подобри, и тоа не само преку усовршувањето на хируршките, хемотераписки и радиолошки третмани, туку и со зголемено користење на антитуморските материи кои содржат лековитите Шитаке.