Еве што треба да консумирате за да му пркосите на стареењето.
Омега – 3 масни киселини
Намирници што ги содржат овие киселини се пастрмка, лосос, бадеми, сардина, туна, харинга.
Ореви
Неколку ореви дневно се добар извор на антиоксиданси, витамин Е и незаситени масни киселини.
Зелен чај
Пијте најмалку две чаши зелен чај дневно. Чајот прави чуда кога станува збор за превенција на болести и е еден вид еликсир на младоста.
Маслиново масло
Маслиновото масло е многу корисно за подобрување на меморијата. Маслинките содржат мононезаситени масти и витамин Е, што го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта.
Овошје и зеленчук
За да го зачувате младешкиот изглед конзумирајте од 500 до 1.000 грама овошје и зеленчук дневно. Изберете различни видови и бои. Витамините и минералите со кои изобилуваат овие намирници го забавуваат процесот на стареење.
Пијте литар ипол вода секој ден
Помалку кафе и сокови, повеќе вода. Навечер испијте шолја чај од камилица, тоа ќе ве опушти, а за појадок јогурт со ниска масленост или млеко (околу пола литар дневно).
Храна богата со протеини
Дневната доза на протеини што треба да ја конзумирате е 150 грама. Пилешко месо, месо од мисирка, јајца, мешункасти растенија и немасно сирење содржат големо количество протеини. Доколку сте физички поактивни, потребна ви е поголема количина, од 1,2 до 1,5 грама по килограм од вашата телесна тежина.