Компирот “крие“ многу хранливи состојки

111

Компирот е еден од најомилените зеленчуци, којшто во голема мера е застапен во секојдневната исхрана. Содржи голема количина на јаглехидрати, кои на човечкиот организам му даваат енергија.

Компирот е извор на здрави состојки, има малку калории, а е посебно богат со витамини Б6 и Ц, како и со калиум, манган и корисни влакна. Овој зеленчук е идеален за заштита на крвните садови и делува против карцином.

Меѓу луѓето е познато дека компирот содржи многу скроб, па затоа го изолираат од секојдневната исхрана. Но, истражувањата покажуваат дека компирот изобилува со 60 различни облици на фитохмикалии и витамини, а некои нутриционисти дури тврдат дека овие состојки ја имаат истата моќ, како и брокулата и спанаќот.

Компирот, варен или печен со малку маслиново масло, штити од кардиоваскуларни болести, респираторни проблеми и некои видови на тумор.