Како да се ослободите од пигментните дамки на природен начин?

26

Најдобриот начин за третирање на пигментацијата е маската со портокал и леќа. Ефикасноста, се разбира, зависи од типот на кожата и постојаноста во примена за одреден период на време.

За најдобри резултати е препорачливо да ја правите колку што е можно почесто.

Што ви треба:
две лажици леќа
кора од еден портокал
една лажица мед
малку млеко

Земете ја леќата и натопете ја во млекото. Треба да отстои така едно деноноќие.

Во меѓувреме излупете ја кората од портокал и иситнете ја. Измешајте го млекото и леќата со кора од портокал во блендер. Смесата треба да формира паста и важно е да се обидете да ја исцедите течноста.

Исчистете го лицето. Нанесете ја маската. Оставете да се исуши. Потоа внимателно исплакнете со топла вода.

Применувајте ја оваа маска 4-5 пати неделно во период од најмалку еден месец и ќе се радувате на добри резултати против пигментните дамки.