Аргументи “за“ пиење млака вода

153

Можеби е малку чудно, но сепак секојдневното пиење млака вода има голем бенефити за севкупното здравје. Млаката вода без никакви додатоци може да му помогне на организмот да се ослободи од отровите што се влеваат во крвта, помага при болки во грлото, затнат нос, го потпомага варењето на храната и овозможува регулирање на нивото на лошиот холестерол.

Топлите напитоци го намалуваат излачувањето на слуз во носот, грлото и гастроинтестиналниот тракт, поради што се намалуваат шансите за ширење на инфекција.

Млаката вода, исто така, овозможува проширување на вените и намалување на отпорот при циркулирање на крвта. Делотворното влијание на млаката вода се огледа и во подоброто варење на храната, подобрување на метаболизмот, а ја подобрува и работата на бубрезите.

Хомеопатите препорачуваат да се пие млака вода особено во ситуации кога се соочувате со опстипација или запек. Доколку во млака вода додадете лимон и мед само ја подобрувате дигестијата во стомакот.

Некои експерти сметаат дека ако пиете млака вода којашто преку ноќ стоела во бакарен сад ќе помогне да се прочисти крвта и да се ослободите од наталожените токсини. Бакарот ја подобрува работата на црниот дроб.