Ароматични пилинг маски за раце

89

Кожата на рацете има потреба од посебна грижа во текот на зимските месеци. Освен топлите ракавици и кремовите за интензивна нега, зимно време, исто така, се препорачува да се прави полесен пилинг.

Пилингот ги  отстранува мртвите клетки од кожата и ја открива убавината и мекоста на кожата. Споделуваме три миризливи рецепти за пилинг, богати со вредни масла кои треба да ги користите еднаш или два пати неделно. Со нив вашите раце ќе бидат секогаш убави.

Пилинг со кафе
Состојки:
1 лажица ситно мелено кафе или талог
1 лажица шеќер
малку цимет
1 лажица кокосово масло
Сите состојки се мешаат добро. Пилингот се нанесува на влажна кожа на рацете со лесни масажни движења. Масирајте минута-две, а потоа исплакнете со млака вода, исушете и нанесете хранлива крема.

Пилинг со зелен чај
Состојки:
2 лажици шеќер
2 лажички екстракт од зелен чај
1 кеса зелен чај
5 капки масло од семки од грозје (може да го замените со бадемово)
Отворете торбичка зелен чај. Откако ќе се комбинираат сите состојки, додадете ги кон нив листовите од торбичката. Измешајте добро и нанесете кора на сува или влажна кожа со лесни масажни движења.
Масирајте минута-две, а потоа исплакнете со млака вода, исушете и нанесете хранлива крема.

Пилинг со цимет
Состојки:
2 лажици шеќер
1 лажичка цимет
15-20 капки масло од цимет
5 капки масло од бадем
Измешајте ги добро сите состојки. Нанесете кора со лесни масажни движења. Потоа исплакнете и по потреба ставете крем.