Крем супа со батат

21

Слаткиот компир или батат има бројни придобивки за вашето здравје, па затоа мора да биде дел од секојдневната исхрана. Овој пат ви препорачуваме топла, кремава и здрава супа, што одлично ќе ви дојде во студените денови.

Потребни состојки:

Еден батат

Три моркови

100 грама сварен грав

Една главица црвен кромид

Две чешниња лук

Малку мелен сув зеленчук

Еден литар бистра супа

Малку маслиново масло

Динстајте го зеленчукот во маслиново масло, а потоа додадете ги зачините и сето тоа ставете во садот каде што ќе варите заедно со бистрата супа. Откако зеленчукот убаво ќе се свари, изблендирајте за да добиете кремава структура на супата.