Неодолив мус со кафе

25

Ако сте љубителите на брзите и лесни десерти во чаша, тогаш овој рецепт е по ваша мерка.

Потребни состојки:

200 милилтри слатка павлака

Четири жолчки

50 грама мелени бадеми

50 грама бела чоколада

Една лажичка какао

Три лажици ликер од кафе

Пет лажици инстант кафе

30 грама шеќер во прав

Еден ванилин шеќер

Слатката павлака и жолчките варете ги на тивок оган, постојано мешајќи и на крајот додадете го кафето. Белото чоколадо стопете го на пареа, па во него додадете ја претходно добиената смеса, а на крајот додадете ги мелените бадеми. Оставете мусот да се излади, па на крајот додадете изматена слатка павлака.