Домашни њоки

125

Ви предлагаме вкусен рецепт кој ќе ве засити и воодушеви, а кој многу брзо се подготвува. Рецепт за домашни њоки:

Состојки:

5 компири

170 г брашно

1 жолчка

сол

Приготвување:

  1. Сварете ги компирите. За ова ќе ви требаат околу 45 минути. Откако ќе се сварат, излупете ги и изрендајте ги, па додадете ги жолчката, солта и брашното. По потреба додадете уште брашно.
  2. Откако ќе го замесите тестото, поделете го на помали топчиња и секое топче расукајте го во долгнавеста форма, како “змија“.
  3. Со нож исечете го тестото на саканата големина.
  4. Со вилушка направете ребрест отисок на њоките.
  5. Редете ги во набрашнет сад. Сега њоките можете и да ги замрзнете или веднаш да ги варите.