Вкусен појадок со овес и чиа семе

20

Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, што ќе ви ја даде потребната енергија за сите дневни активности. Не смее немањето време да ви биде изговор да подготвите здрав појадок, особено ваков што може да се подготви претходната вечер и да биде спремен за следното утро.

Потребни состојки:

50 грама овесни снегулки

100 мл млеко по избор
Една лажичка какао
Малку цимет
Една лажица чиа семе
Една банана
Чоколадни трошки

Малку мед

Подготовка:

Сите состојки, освен бананата и медот, ставете ги во омилената шолја за појадок и убаво измешајте и оставете во фрижидер за следното утро да ги додадете останатите состојки и да имате прекрасен појадок.