Брзи решенија за груби и испукани стапала

124

Имате проблеми со суви стапала? Тоа не значи дека мора да купувате скапи креми и препарати за нега, сè што ви треба за нега на овој дел од телото го имате дома.

Пена за бричење

Нанесете на стапалата поголема количина пена за бричење, а во поголем сад ставете топла вода и исто толку ладна вода. Намокрете еден пешкир во течноста и држете ги стапалата замотани во него половина час. Потоа полека масирајте ги со пешкирот за да ја тргнете пената.

Растително или маслиново масло

Ако немате пена за бричење пробајте со маслиново, растително или кокосово масло. Навечер нанесете масло на стапалата и добро измасирајте ги. Потоа облечете памучни чорапи и носете ги цела вечер.

Купка од сол

Во топла вода ставете една рака сол, добро измешајте и потопете ги стапалата внатре околу 15 минути. Потоа добро исушете ги и нанесете крема или вазелин, па облечете чорапи. По неколку часа вашите стапала ќе бидат како нови.