Ароматичен, хранлив и вкусен намаз кој можете да го подготвите во секоја пригода и да го послужите речиси со секое јадење. Можете да го послужите како прилог со компири или ориз, тестенини или да го намачкате на сендвич.
Состојки
- 1/2 шолја зелени маслинки (без семка)
- 1/2 шолја црни маслинки (без семка)
- 1 шолја свеж спанаќ, ситно сечкан
- 1/2 младо кромидче, исечкано
- 2 чешниња лук
- 1 милилитри маслиново масло
- сок од половина лимон
- сол и бибер по желба
Начин на подготовка
Измешајте ги во блендер состојки се додека не ја постигнете посакуваната густина, односно се додека не добиете еднолична смеса.
Зачинете со сол и бибер и со неколку капки свежо исцеден сок од лимон.