Храна богата со магнезиум

146

Магнезиумот игра важна улога во работата на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем, мускулите, бубрезите, црниот дроб, жлездите што лачат хормони и мозокот. Тој се апсорбира преку цревата и потоа со помош на крвта се транспортира до клетките и органите, каде што се складира.

Денес научниците веруваат дека магнезиумот помага во превенцијата и лекувањето на многу болести како астма, аутизам, срцеви заболувања, епилепсија, ХИВ/Сида, мултиплекс склероза, ПМС и лупус.

Храна богата со магнезиум

Повеќето растенија и јаткасти плодови содржат магнезиум. Консумирањето на сончоглед, соја, ореви, семки од тиква, грав, леќа или интегрален леб, зелена салата, морска риба, банани и чоколадо го покачува нивото на магнезиум во организмот.

Денес сите ние водиме стресен живот, а магнезиумот го подобрува расположението и помага при стрес.

1. Цело зрно пченица

Голем број житарки се одличен извор на магнезиум, но брашното направено од цело зрно пченица има неверојатни 160 милиграми магнезиум во една чинија. Секогаш користете брашно од цело зрно пченица и купувајте таков леб од продавница.

2. Спанаќ

Зелените листови спанаќ се полни со нутриенти. Една чинија сварен спанаќ има дури 157 милиграми магнезиум.

3. Киноа

Киноата се приготвува и се консумира на сличен начин како и оризот. Позната е по големиот број здравствени придобивки, вклучувајќи го и високото ниво на протеини и минерали. Една чинија зготвена киноа има 118 милиграми магнезиум.

4. Бадеми и кикиритки

Не само што се здрави за секојдневно грицкање, туку се и одличен извор на магнезиум. Две супени лажици путер од кикиритки содржат 49 милиграми магнезиум.

5. Црно чоколадо

Црното чоколадо има 64 милиграми магнезиум и е преполно со антиоксиданти, кои се одлични за здравјето. Секогаш одбирајте црно чоколадо направено од 70 проценти какао.

6. Црн грав

Сите мешунки се богати со магнезиум, но најбогат е црниот грав, кој во една чинија содржи неверојатни 120 грама магнезиум.

7. Боранија

Боранијата е чест зеленчук на нашата традиционална трпеза. Половина чинија боранија содржи 50 милиграми магнезиум.

8. Авокадо

Авокадото има 58 милиграми магнезиум што е 16 проценти од потребниот дневен внес на магнезиум. Авокадото исто така содржи здрави масти, кои се добри за срцето и мозокот. Богато е со витамин Б и со витамин К и има повеќе калиум од бананите.

9. Тофу

Тофуто е одлична замена за месо, независно дали сте вегетаријанец или само сакате да смените нешто во исхраната. Половина чинија тофу содржи 37 милиграми магнезиум.

10. Овошен јогурт

Овошниот јогурт е нутритивно богата храна, која има 30 милиграми магнезиум во една чинија. Тој е одличен извор на протеини, а исто така содржи и омега-3 масни киселини, многу витамини и минерали, како и многу корисни пробиотици.