Чај од рузмарин за добро здравје

189

Рузмаринот има своја традиционална вредност на нашите простори, покрај тоа неговите лековити својства се неприкосновени.

Дали сте знаеле дека оваа билка се користи за подобро памтење, потенција, низок притисок.

Чајот од рузмарин можете да го засладите, но избегнувајте ги вештачките засладувачи.

Се препорачува исто така оваа билка да ја консумирате и во вид на зачин.

Она што е важно да се напомене, е дека чајот од рузмарин не се препорачува за време на бременост и доење.

Начин на подготовка:

  1. Со 2 дл врела вода прелијте една лажичка сушен рузмарин. Поклопете го садот и процедете после 10 минути.